петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролигата започна истрага за наместено финале во Еврокупот

Евролигата започна истрага за наместено финале во Еврокупот

Кошаркаркарката Евролига реши да отвори истрага откако украинскиот судија Микола Амбросов откри дека му било нудено „мито“ во пресрет на финалниот меч од Еврокупот во 2021 година!

Челниците на елитното натпреварување сакаат до крај да го истражат случајот и изјавија дека скандалот мора да биде расветлен. Се работи за дуелот помеѓу Уникс Казан и Монако, а според зборовите на Амбросов, судиите добиле „непристојна понуда“ од 10.000 евра за да го „наместат“ финалниот натпревар.

Судиската тројка тврди дека останала доследна на спортската етика и го одбила обидот за поткуп, а Монако ја освои титулата, откако славеше во финалето со резултат 86-83.

Евролигата и порано беше на „мета“ на многу медиуми кои пишуваа објави за наводни подмитувања на судии во елитниот ранг, но овие обвинувања никогаш не беа потврдени. Најавена е детална истрага, по која треба да бидат обелоденети сите детали за евентуални поткупувања на судии во минатото.

Доколку биде докажана вина кај некој од посочените субјекти, санкциите и казните ќе бидат жестоки и би можеле да резултираат со доживотна забрана за извршување било каква функција во европската кошарка, а клубовите би можеле да добијат неколкугодишна забрана за настап во сите континентални натпреварувања.