Првиот човек на кошаркарската Евролига,Жорди Бартомеу изјави дека се надева дека ограничен број на гледачи ќе може да присуствуваат на завршниот турнир на оваа натпреварување кое ќе се одржи кон крајот на мај месец во Келн.
– Веруваме дека одреден број на гледачи ќе може да присуствуваат во салата. Се обидуваме да откриеме како да го надоместиме тоа што ова ќе биде сосема поинаков фајнал фор во споредба со претходните 16,17. Наредните неколку недели ќе се обидеме да пронајдеме начон како да го организираме овој фајнал фор и да им го приближиме на навивачите – изјави Бартомеу.
Завршниот турнир во Евролигата ќе се одржи од 28. до 30. мај во Келн, Германија.