понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Фенербахче сериозно заинтересиран за Калатес

Фенербахче сериозно заинтересиран за Калатес

Според шпанските медиуми, Фенербахче дал понуда за Нико Калатес.  Калатес е во Барселона од 2020 година, но според медиумите, во Барселона не биле задоволни игрите на грчкиот кошаркар, тоа би можело да биде причина за неговото заминување.

Од следната сезона нов тренер на Фенербахче веројатно ќе биде Димитрис Итудис. Калатес и Итудис во минатото соработуваа во Панатинаикос. Калатес ја освои Евролигата во својот прв мандат во Панатинаикос, а Итудис тогаш му беше помошник на Жељко Обрадовиќ.

По првите три сезони поминати во Панатинаикос, Калатес замина во Локомотив Кубан, од каде што се пресели во НБА каде играше за Мемфис.

Тој се врати во Панатинаикос, каде помина пет години, а во 2020 година дојде во Барселона, со која двапати играше на фајналфорот на Евролигата.