вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Филаделфија 76 има нов тренер

Филаделфија 76 има нов тренер

Филаделфија Севентисиксерс пред околу 15 дена се збогува со тренерот Док Риверс и тоа екипата не успеа да ја мине полуфиналната рунда во источната конференција.

Управата на „76ките“ веднаш се вклучија во акција за наследникот на Риверс и уште од самиот старт имаше неколку имиња кои се издвоија, важеа за фаворити, па токму еден од нив сега е избран за предводник на клубот кој има три титули во својата историја.

Се работи за 55-годишниот Ник Нурс кој изминативе десет години му ги посвети на Торонто Репторс, прво како асистент, а потоа и како главен тренер каде успеа да стане првак со „рептилите“ во 2019 година.

Сериозен интерес за Нурс имало и од Феникс Санс, ама стратегот од Ајова се реши за Филаделфија затоа што сакал да работи со Џоел Ембид, а добро го познава и Дарил Мори кој претседател за кошаркарски операции.