петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бостон ја декласира Филаделфија во седмиот меч и се пласира во финалето на Истокот

Бостон ја декласира Филаделфија во седмиот меч и се пласира во финалето на Истокот

Кошаркарите на Бостон, предводени од феноменалниот Џејсон Тејтум, ја совладаа Филаделфија со 112-88 во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција. Селтикси по генијален натпревар ја добија серијата со 4-3 и се пласираа во финалето на Источната конференција, каде ќе ги одмерат силите со Мајами Хит.

Тејтум одигра како во транс – постигна дури 51 поен (25 во првото полувреме), а имаше и 13 скока и пет асистенции.

Џејсон на тој начин ја испиша историјата на најсилната лига во светот, постигнувајќи најмногу поени во седми натпревари од плеј-офот. Одличен учинок запиша и Џејлен Браун (25 поени, шест скока, две асистенции), а кај Селтикси двоцифрен беше само Малколм Брогдон (12 поени, два скока, две асистенции).

Во Филаделфија, Тобијас Харис беше најефикасен (19 поени и пет скока), а Тајрис Макси додаде 17 поени.