четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Филаделфија сака да го задржи Џејмс Харден

Филаделфија сака да го задржи Џејмс Харден

Џејмс Харден по разговорот со стручниот штаб и управата на клубот поднел барање за трејд во Л.А. Клиперс. Во меѓувреме преговорите меѓу Филаделфија и Клиперс пропаднале, па клубот одлучил да го задржи еден од своите најдобри играчи и тоа без дополнителни разговори со нив.

Според информациите од САД, Харден не сака да се појави на тренинг кампот пред почетокот на новата сезона и по секоја цена сака да ја смени средината.

Причината е незадоволството со тоа што Филаделфија не му понудиле нов максимален договор, па идното лето тој ќе биде слободен играч.