среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Филаделфија со голем пресврт и победа против Денвер до продолжување на победничката серија

Филаделфија со голем пресврт и победа против Денвер до продолжување на победничката серија

Кошаркарите на Филаделфија издвојува победа над Денвер Нагетс од 126-119 во меч во кој Џоел Ембид тотално го надигра Никола Јокиќ.

Многумина со нетрпение го очекуваа овој дуел пред се поради Ембид и Јокиќ, двајца играчи за кои секогаш постои дебата кој е подобар од нив двајца.

Камеринецот уфрли 47 поени на кои придодаде 18 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки, 2 блокади со што комплетно го засени Србинот кој застана на „само“ 24 кошеви, 8 скока и 9 асистенции.

Ова за Филаделфија е голем триумф со оглед на тоа што се вратија од минус 15 на полувреме, па сега се во серија од седум победи.