среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ФМП Академија е хитот на кошаркарскиот Куп

ФМП Академија е хитот на кошаркарскиот Куп

Првиот четвртфинален натпревар од кошаркарскиот Куп на Македонија, меѓу екипите на ФМП Академија и Пелистер понуди многу возбуда за кошааркарските фанови.

На крајот со кренати глави од паркетото си замина условно кажано аутсајдерот на натпреварот, тимот на ФМП, кој го елиминираше Пелистер со 103:98.

Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 31 и Малешевиќ со 21 поени, а во таборот на ФМП Академија се истакнаа Крстајиќ со 28 и Харис со 19 поени.МЗТ Скопје Аеродром е противникот на ФМП Академија во полуфиналето.