Американските медиуми ги објавија имињата и фотографиите на деветмината загинати во хеликоптерската несреќа во која животот го загуби и кошаркарот Коби Брајант.
Иако, официјална потврда од надлежните институции за идентитетот се уште нема поради долгите процедури, јавноста е веќе информирана.
Светот жали, во тага и болка, по Коби Брајант (41), неговата ќерка Џиана (13).
Во несреќата животот го загубија бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса која заедно со Џиана тренирала во „Мамба академијата“.
Во хеликоптерот била и Кристина Маузер која ги тренирала девојчињата и работела во Академијата. Таа е сопруга и мајка на две деца.
Сара Честер и нејзината ќерка тинејџерка Пејтон исто така загинаа во уривањето на Сикорски S-76.
Деветиот загинат во страшната несреќа е пилотот Ара Зобајан.