Селекторот на Франција објави список од дванаесет кошаркари на кои ќе смета за време не Европското првенство 2022.
Венсан Коле се одлучи за следните играчи: Ели Окобо, Амат Мбаје, Тимоти Луваву, Томаш Ертел, Гершон Јабуселе, Еван Фурније, Тео Маледон, Мамаду Жаите, Винсент Поарије, Ендру Албиси, Тери Тарпеј и Руди Гобер.
Меѓу нив најпознати имиња се Гобер и Фурније. Французите ќе играат во група заедно со домаќинот Германија, бранителот на титулата Словенија, Литванија, Унгарија и БиХ.