петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Франција го објави списокот на кошаркари за Мундобаскетот

Франција го објави списокот на кошаркари за Мундобаскетот

Француската кошаркарска федерација го објави конечниот список на кошаркари за претстојното Светско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Капитенот на репрезентацијата Никола Батум се враќа во националниот тим по прескокнувањето на Евробаскет 2022 година, додека НБА играчите Руди Гобер и Еван Фурние исто така ќе бидат дел од тимот.  Како што беше најавено, во националниот тим нема да биде Виктор Вембањама, кој неодамна беше прв пик на Сан Антонио на НБА драфтот.

Покрај гореспоменатите кошаркари, тренерот Винсент Коле ќе може да смета на: Нандо Де Коло, Гершон Јабуселе, Ели Окоб, Френк Нтиликина, Јакуб Куатар, Матијас Лесор, Тери Тарпеј, Мустафа Фал и Силвано Франциско на Мундобаскетот.

Франција на Мундијалот е во група со Канада, Летонија и Либан.