Екипата на Голден Стејт Вориорс забележа убедлива победа над Мемфис Гризлис и поведе со 2-1 во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА лигата.
На свој терен Вориорси одиграа неверојатен натпревар и со 30 поени разлика го „размонтираа“ противникот (142-112).
Стеф Кари со 30 поени беше водечка сила во редовите на Вориорси, а Томпсон запиша 21 со девет скока. Кај поразениот тим Морент имаше 34 поени, а Бејн 16.
Голема победа забележа и тимот на Милвоки Бакс, кој на свој терен по голема драма славеше над Бостон Селтикс и го презеде водството во полуфиналната серија (103-101).
Грчкиот кошаркар Јанис со 42 поени и 12 скока беше убедливо најдобриот поединец на паркетот, а кај Бостон се истакна Браун со 27 поени и 12 скока.