Гостивар стави крај на серијата од десет победи во низа на МЗТ Скопје на домашната сцена откако во 13. коло славеше во „Младост“ со 88-69.
Гостиварци се единствените во мак-баскетот кои успеаја да го совладаат актуелниот шампион оваа сезона и тоа во двата одиграни меча, а до успехот стигнаа со одлично второ полувреме во кое го лимитираа АБА-лигашот на само 29 постигнати поени.
Најефикасен со 25 поени и седум скока во редовите на Гостивар беше Пипкинс, следуваше Корсантиа со дабл-дабл од 21 поен и 13 скока. МЗТ со 16 поени и девет скока го предводеше Бурсаќ, 12 поени додаде Дамјан Стојановски.