Кошаркарскиот клуб Гостивар конечно им се врати на победите во кошаркарската лига на Македонија, откако славеше на гостувањето кај Кожув со 78-80 во натпревар од последното коло во регуларниот дел од сезоната.
Никола Силаџи со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај домаќините се истакна Тач Унрих со 19 поени.