среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Гостивар триумфално помина низ Кавадарци

Гостивар триумфално помина низ Кавадарци

КК Гостивар го победи Еуро Никел 83-99 во Кавадарци и вторпат оваа сезона беше подобар од ривалот во рамките на Првата македонска кошаркарска лига.

Гостивар во победата го предводеше Александар Тодоровиќ со 29 постигнати поени додека Димчевски реализираше 24.

Кај Еуро Никел, капитенот Петровски даде 23 поени каде придодаде 10 асистенции, додека Рикиќ заврши со 15 поени.

За Гостивар ова беше петта победа во низа во Првата лига и тимот се наоѓа на делба на второто место со ТФТ, со скор од 8 победи и три порази. Еуро Никел го доживеа четвртиот пораз и има скор 7-4.