четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Грција посилна за Адетокумбо на Европското првенство

Грција посилна за Адетокумбо на Европското првенство

Кошаркарот на НБА лигашот Милвоки, Јанис Адетокумбо, ќе настапи за репрезентацијата на Грција на претстојното Европско првенство, објавија денеска локалните медиуми.

Адетокумбо (27) објави на социјалните мрежи фотографија од салата во која се подготвуваат грчките репрезентативци.

Центарот на Милвоки ја илустрираше фотографијата со знамето на Грција и порака „Наскоро“.

Грчките медиуми наведуваат дека тоа е доказ оти еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата ќе настапи за националниот тим.