вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Харден ќе го пропушти третиот натпревар по ред во серијата со Милвоки

Харден ќе го пропушти третиот натпревар по ред во серијата со Милвоки

Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден ќе го пропушти четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА-лигата против Милвоки, објави „ЕСПН“, повикувајќи се на главниот тренер на Нетс, Стив Неш.

Триесет и едногодишниот Американец продолжува да закрепнува од мускулна повреда, неговата состојба напредува. Така, Харден ќе пропушти трет последователен натпревар во серија против Бакс.

Бруклин води со 2-1 во серијата прв до четири победи. Четвртиот натпревар ќе се одржи вечер од 21 часот, домаќин ќе биде Милвоки. (МИА)