Фаворитот за наградата МВП на сезоната, Џејмс Харден постигна 58 поени (16/32 од игра, 8/18 тројки) за победата на Хјустон над Мајами со 121:118 во меч од регуларниот дел на НБА лигата.
Харден забележа и 10 асистенции заедно со 8 скокови во дуел, во кој „ракетите“ имаа 21 поен заостанување во третата четвртина.
Џастин Винслоу додаде 19 поени со 8 асистенции и 7 скокови, додека Џош Ричардсон се истакна со 18.
Херојот во победата над Голден Стејт пред два дена, Двајт Вејд го заврши натпреварот со само 12 поени.
Во меѓувреме, шампионите претрпеа нов пораз во Флорида, откако подобри од нив беа Орландо Меџик – 103: 96.
Арон Гордон го заврши мечот со 22 поени и 15 скока, 16 додаде Теренс Рос, а Ди Џеј Огустан реализираше 14.
„Дабл-дабл“ постигна Никола Вучевиќ со 12 поени, 13 скокови и 6 асистенции, но тој имаше само 4/15 во играта.
На „воините“ не им беа доволни ни 33 поени од Стеф Кари, кој имаше 8 скокови и 6 асистенции.
По 21 поен додадоа Клеј Томсон и Демаркус Казнс, кој исто така имашеи 11 скока.
Резултати од НБА:
Индијана – Минесота 122: 115
Орландо – Голден Стејт 103: 96
Њујорк – Кливленд 118: 125
Хјустон – Мајами 121: 118
Оклахома Сити – Филаделфија 104: 108
Денвер – Јута 104: 111.