Џејмс Харден летово побара трејд од Филаделфија 76ерс, меѓутоа клубот и играчот не пронајдоа посакувано решение кое одговара на сите засегнати страни.
Сезоната во НБА лигата веќе започна, а Харден во недостиг на опции се појави на тренинг на Филаделфија. Иако нему му е јасно дека додека има активно барање за трејд нема да игра, тој сепак се обиде да патува со тимот за натпреварите против Милвоки и Торонто.
Харден нормално дојде на аеродромот, меѓутоа членовите на обезбедувањето не му дозволија да се качи во авионот со образложение дека не е на списокот.
Ѕвездата на Филаделфија според информациите видно фрустрирана си заминала без да прави скандали.