петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Харден сака да замине од Филаделфија?

Харден сака да замине од Филаделфија?

Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џејмс Харден, само еден ден по елиминацијата во полуфиналето во Источната конференција, сериозно размислува да се врати во Хјустон Рокетс, објави новинарот Адријан Војнаровски.

Оваа вест доаѓа неполни 24 часа по поразот на Филаделфија од Бостон селтикс со 112:88 во решавачкиот седми натпревар во полуфиналето на Истокот.

Главните ѕвезди на Филаделфија потфрлија на овој натпревар, Харден постигна само девет поени, додека Џоел Ембид, кој беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, постигна 15 поени.