Бруклин нетс наскоро би можел да остане без своите две први ѕвезди, Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг, пренесуваат американските медиуми.
Имаа многу проблеми со повреди поради кои пропуштија многу натпревари, па сега двајцата најверојатно и ќе ја напуштат франшизата.
Ирвинг веќе им испратил список на екипи на раководството на нетс каде би сакал да ја продолжи кариерата. Од друга страна Дјурант во моментов ја следи целата ситуација, но доколку Ирвинг замине истото ќе го направи и одличното крило.