понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн Џејмс го напушта ЛА Лејкерс и заминува во Далас

Леброн Џејмс го напушта ЛА Лејкерс и заминува во Далас

Кајри Ирвинг се обидува да го искористи своето пријателство со Леброн Џејмс за да го примами да се приклучи на Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми.

Со тоа би се створил нов пеколен конкурент за титула на Западот кој во своите редови ќе го има и суперталентираниот Лука Дончиќ.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс веќе еднаш беа добитна комбинација за титула застанувајќи на патот на „династијата“ Голден Стејт во дресот на Кливленд.

Но, за да создаде триото Леброн-Ирвинг-Дончиќ потребно е тројцата да прифатат и сериозно намалување на платите.

Ирвинг е слободен играч, но „кралот Џејмс “ во договорот со Лос Анџелес Лејкерс има уште една сезона во која треба да заработи речиси 47 милиони долари со опција за продолжување на соработата и во сезоната 2024/25 за 50.6 милиони долари.