вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ирвинг и Нетс добија казна од 25.000 долари за одбивање комуникација со медиумите

Ирвинг и Нетс добија казна од 25.000 долари за одбивање комуникација со медиумите

Кошаркарот Кајри Ирвинг и неговиот клуб Бруклин нетс од НБА-лигата добија казна од 25.000 долари за кршење на правилата за комуникација со медиумите.

Од отворањето на тренинг кампот на 1 декември, Ирвинг постојано ги одбиваше барањата на медиумите за интервју. Според правилата на лигата, здравите играчи мора да бидат достапни на печатот пред и по тренинзите или натпреварите.

На 5 декември стана познато дека Ирвинг одлучи да не комуницира со медиумите во текот на сезоната 2020/21.

-Мојата цел оваа сезона е да дозволам мојата работа на теренот и надвор од него да зборува сама за себе, рече кошаркарот.