Tiмот на Душко Ивановиќ делува моќно, па без Вилдоза славеше во Сплит минатиот викенд, а без двајцата Аргентинци ја победија Валенсија.
Црногорскиот стратег со респект зборуваше за МЗТ Скопје, следниот противник на „црвено-белите“.
„Навистина немаме многу време за освежување по натпреварот во Валенсија. Но, без разлика на отсуството на некои играчи, другите повикани ќе треба да дадат повеќе. Го почитуваме секој тим, не нè интересира позицијата на МЗТ Скопје на табелата. Овој тим има свој квалитет и во овој натпревар влегуваме со максимален респект за да стигнеме до целта“, рече црногорскиот тренер.
Натпреварот меѓу првакот на Македонија и Србија се игра денес попладне од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.