Авионот на Јута, кој леташе за Мемфис ноќеска беше принуден да изврши итно слетување во Солт Лејк Сити, поради проблеми со еден од моторите по судир со јато птици.
– Кога авионот полета, удри во јато птици. Левиот мотор се исклучи и пилотот повика на итно слетување на меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити. Авионот слета без инциденти, соопшти авиокомпанијата „Делта“.
WOAH. Here’s a look at the plane carrying the @utahjazz that had to make an emergency landing after hitting a flock of birds. @fox13 pic.twitter.com/d0grdE4KLI
— Sydney Glenn (@SydneyGlennTV) March 30, 2021
За време на последователното испитување, авионот покажал видливо оштетување на левата моторна турбина и дамки од крв на долниот дел од пилотската кабина.
– Колку прекрасен ден! – напиша центарот на Јута џез, Руди Гоберт.
Јута е лидер во поредокот во Западната конференција на НБА-лигата.