среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ја запознал на клупа пред кафуле, денес таа е неговата најголема поддршка: Која е Наталија Јокиќ, сопругата на кошаркарскиот гениј од Сомбор?

Ја запознал на клупа пред кафуле, денес таа е неговата најголема поддршка: Која е Наталија Јокиќ, сопругата на кошаркарскиот гениј од Сомбор?

Зад секој успешен спортист стои успешна љубовна врска, стабилен емотивен живот и силна поддршка од партнерот. Ова правило дефинитивно важи и во случајот на светскиот кошаркарски ас, Никола Јокиќ, и неговата сопруга која ја заинтригира светската јавност.

Како што Никола се искачуваше кон врвот, многумина се заинтересираа да дознаат што повеќе за жената која е најблизок сведок до неговите успеси.

Никола Јокиќ ја прослави историската победа на Денвер Нагетс во финалето на НБА лигата токму со Наталија и нивната ќерка Огњена, како и со останатите членови од семејството.

И на тоа славење, покрај бројните детали, воочлива беше разликата во висината на познатиот пар. За таа разлика умее да се пошегува и самата Наталија, а не е лесно да ѝ се „парира“ на висината на Јокиќ од 211 центиметри.

Со овој детаљ се занимаваа и американските медиуми како „The SportsLite“ кој наведува дека Наталија е висока 173 центиметри.

Наталија пред бракот со Никола се презивала Мачешиќ. Кога започнале да се забавуваат, тој го носел дресот на Војводина Србијагас, а неговата избраничка се подготвувала за студии во Америка. Била посветена на образованието и поради нејзините студии накратко биле разделени, а потоа продолжиле онаму каде што застанале кога Јокиќ се преселил во САД.

„Посетував средно економско училиште, а Наталија требаше да замине за Америка, веќе беше запишана на студии по психологија на ‘Seminole State College’. И буквално 2 месеци откако започнавме да се забавуваме, таа замина“, изјави Јокиќ во една прилика.

Својата 7-годишна врска ја крунисаа со брак во октомври 2020 година. Чинот на венчање бил одржан во нивното родно место, Сомбор, на прослава за паметење на која присуствувале нивните најблиски пријатели и членови на семејството.

„Со моето друштво излегувавме во кафуле кое беше отворено до полноќ, а кога се затвораше, седевме на клупата пред него. Една вечер бевме само двајца, а потоа дојде Наталија. Ми се допадна штом ја видов, но не ѝ признав веднаш, туку се дружевме наредните 6 месеци, можеби и подолго. Цело тоа време ги криев емоциите. Кога за првпат ѝ кажав дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор. Мудро молчеше“, открил Јокиќ во една прилика.

Во септември 2021 година Никола и Наталија станаа родители на ќерката Огњена, која е родена во Денвер.