Кошаркарите на Денвер триумфираа синоќа на гостински терен над Хјустон со 133-112 во натпревар што го одбележа српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој го запиша својот 100. трипл-дабл во НБА лигата.
Јокиќ придонесе во победата на Денвер со 14 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Со тоа српскиот центар стана само шест играч во историјата на НБА со најмалку 100. трипл-дабл остварувања.
Пред него на вечната листа се Расел Вестбрук (198), Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (106).