петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ: Не ги слушам оние што не шутнале ниедна топка во животот

Јокиќ: Не ги слушам оние што не шутнале ниедна топка во животот

Дел од медиумите во Соединетите Американски Држави го оспоруваат квалитетот на Денвер и сметаат дека тимот не е зрел за одбрана на шампионскиот трофеј, но Никола Јокиќ не се согласува со овие тврдења и вели дека „не слуша луѓе кои никогаш во животот не шутнале ниту една топка“.

„Се појави документарец за минатата сезона, продуциран од НБА лигата. Таму во еден кадар кажувам дека не ги слушам оние што не се разбираат од кошарка и не шутнале ниту една топка во животот. Сѐ уште стојам на овие зборови, навистина ми е смешно како некои медиуми си дозволуваат да пишуваат што сакаат. Денвер има одличен тим, а сега во ростерот се врати и Џамал Мареј. Ние сме шампиони и ќе докажеме дека сме повторно многу силни. Коментари од „експерти“ или од луѓе што немале повеќе од пет поени во кариерата, немам намера да слушам. Тие никогаш не стапнале на паркетот, немале никаков однос со публиката, а сега си дозволуваат да критикуваат“, изјави Јокиќ.

Новата НБА сезона започнува ноќта на 25 октомври, а првиот натпревар ќе биде токму оној помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Се очекува возбудлива и спектакуларна кошарка од две силни екипи кои претендираат за висок пласман на крајот од сезоната.

Никола Јокиќ повторно е меѓу тројцата кандидати за освојување на МВП признанието, а најсериозни конкуренти ќе му бидат Џоел Ембид од Филаделфија и Јанис Адетокумбо од Милвоки.