Денвер и Голден Стејт утринаваа одиграа контролен натпревар во пресрет на новата сезона, а тоа за фановите беше уште една можност да проследат соочување и на Никола Јокиќ и Стеф Кари, кои постојано се во кругот на најдобри играчи во НБА лигата.
Овој дуел беше генерална проба за двете екипи, а Денвер славел како гостин со 112:119, при што Јокиќ со добар процент на реализација постигнал 21 поен.
Сепак, српскиот центар се најде во центарот на вниманието поради еден дефанзивен потег, по кој настрада Кари.
Ѕвездата на Голден Стејт заврши во публиката, а тоа воопшто не им се допадна на фановите на „воините“ кои испратија многу обвинувања за Јокиќ на социјалните мрежи.
— warriorsworld (@warriorsworld) October 15, 2022