Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, ги коментираше можностите втора година по ред да ја освои титулата МВП.
Србинот е фаворит за наградата, но неговиот главен конкурент Џоел Ембид се пласираше во втората рунда од плејофот, како и третиот кандидат Јанис Адетокумбо.
– Никогаш не сонував за тоа. Ако треба да се случи – ќе се случи. Тоа е голема работа, се разбира. Ќе значи за моето наследство, моето име секогаш ќе биде таму. Но, ако не победам, нема да умрам. Продолжувам да играм и се трудам да играм на вистинско ниво, како и цел живот, изјави Јокиќ.