Новинарот на „Атлетик“ Шемс Чарани денеска откри дека кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ постигнал договор со челниците на Денвер и дека во јули ќе потпише „супермакс“ договор на пет години.
Тој договор ќе биде вреден 260 милиони долари, а доколку Јокиќ го потпише ќе стане најплатениот играч во историјата на НБА лигата
Јасно е дека станува збор за понуда која не се одбива, Останува „само“ на Нагетс да формираат засилен тим заедно со Јокиќ, способен да се бори за титулата.