понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ со нов трипл-дабл,Дончиќ подобар од Харден

Јокиќ со нов трипл-дабл,Дончиќ подобар од Харден

Во НБА лигата Денвер лесно и убедливо славеше на гостувањето против Оклахома Сити со 126-96.Повторно уште една неверојатна партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој за 30 минути игра стигна до нов трипл-дабл, вкупно осми за него оваа сезона.

Српскиот центар шутираше беспрекорно, погоди осум од десетте удари од поле и го заврши натпреварот со 19 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Најефикасен во редовите на Денвер беше Мареј со 26 поени.

Резултати НБА:

Филаделфија – Кливленд 109-112 (по прод.), Вашингтон – Минесота 128-112, Њујорк – Индијана 110-107, Оклахома – Денвер 96-126, Орландо – Јута 109-124, Сан Антонио – Њу Орлеанс 117-114, Бруклин – Далас 98-115.