Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе го продолжи договорот со Денвер Нагетс, а со сумата предвидена за него е поставен и нов НБА рекорд.
Српскиот центар ќе добие рекордни 270 милиони американски долари за наредните пет сезони, со што Денвер максимално го награди двократниот МВП на лигата.
Денеска договорот и официјално е потпишан, нешто што го објави агентот Мишко Ражнатовиќ.Јокиќ заслужено ќе го одработува новиот договор од сезоната 2023/24, а најмногу би заработил од последната сезона.