Никола Калиниќ од следната сезона ќе игра за Барселона, откако ги договорил деталите со каталонскиот гигант, а Црвена Звезда ќе добие 100.000 евра.
Трансферот сè уште не е комплетиран затоа што во последен момент може да се вмеша и Валенсија, која има право на откуп на договорот на кошаркарот.
Калиниќ сезонава одигра 32 меча во Евролигата, а во просек постигнуваше по 12,6 поени, 3,9 скокови и 3,4 асистенции.