сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кари во аут „неколку недели“

Кари во аут „неколку недели“

Повредата што ја доживеа Стеф Кари на мечот против Индијана се покажа сериозна и првата ѕвезда на Голден Стејт ќе мора да паузира извесен период.

Бидејќи никој во моментов со сигурност не може да каже колку е тоа, се користи фразата „неколку недели“ кои можат да станат и еден месец.

Секој натпревар на Вориорс во моментов е од исклучително значење во борба за местата кои водат во плејофот, па периодот без Кари ќе биде мошне тежок за актуелниот НБА шампион.

Во екипата се среќни и со вакво сценарио бидејќи во моментов е исклучена можноста за операција која би ја завршила за сезоната за најдобриот тројкаш во историјата на НБА.

Сето ова доаѓа во текот на една од најдобрите сезони во кариерата на Кари. До моментов просечно постигнува по 30 поени, 6,6 скока, 6,8 асистенции и 1 украдена топка по натпревар со шут за тројка од 43,4%, а одличен е и во одбраната. Во трката за МВП признанието се наоѓа на третото место, зад Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.