Еден од најдобрите кошаркари на денешницатаКаваи Ленард стави потпис на нов договор со ЛА Клиперс.
Истиот ќе му донесе 176,3 милиони долари во наредните четири години. Соработката очекувано вклучува клаузула во последната сезона, кога Ленард ќе може да стане слободен играч.
Тимот од Калифорнија не сакаше да се раздели со 30-годишникот, кој моментално е повреден и под знак прашалник за голем дел од претстојната сезона.