среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кавај Ленард ќе одсуствува од терените една недела

Кавај Ленард ќе одсуствува од терените една недела

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард ќе отсуствува најмалку уште една недела поради повреда на десното стапало.

Минатата недела Ленард пропушти четири натпревари по ред, но се врати на теренот во неделата со 15 поени, 11 скока и 8 асистенции за 22 минути против Минесота. Според тренер Тајрон Лу, Кавај сака да игра, но тимот донесе одлука да го поштеди од дополнителни напори.

Клиперс со биланс 41 победа и 19 порази се на третото место во Западната конференција во НБА лигата.