недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Казни од 18.000 денари за МЗТ Скопје , 8.000 денари за Пелистер

Казни од 18.000 денари за МЗТ Скопје , 8.000 денари за Пелистер

Кошаркарските тимови на МЗТ Скопје и Пелистер по дербито во СЦ „Јане Сандански“ добија парични казни поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите за време на средбата.

По влегувањето на „Чкембари“ на трибината, следеше дуел со гледачи во салата кои беа на неутралната трибина. Летаа столчиња на сите страни, мораше да реагира и полицијата.

За неспортско однесување Пелистер доби казна од 8.000 денари, додека МЗТ Скопје ќе плати 18.000 денари, со тоа што тимот има две казни, покрај неспортското навивање, ќе мора да плати и 10.000 денари за чадна бомба.

МЗТ го доби дербито убедливо и се израмни со лидерот на табелата.