понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КФСМ го менува системот на натпреварување сред сезона

КФСМ го менува системот на натпреварување сред сезона
Македонската кошаркарска федерација со два предлога до клубовите за заокружување на кошаркарската сезона во Македонија. Да се доврши шампионатот во машка конкуренција според веќе утврдениот календар пред почетокпот на сезоната или првенството да биде скратено и да се игра во така-наречени „балони“ е предлогот на раководството на федерацијата до претставниците на клубовите од Прва лига мажи, од денешниот состанок.  Имајќи во предвид дека има голем број на заостанати натпревари, федерацијата смета дека системот треба дфа се прескокне втората фаза односно Супер лигата и веднаш да се премине на плеј-оф.
Во таков случај првцопласираните осум тима би започнале со четвртфиналната фаза, додека четирите најслобо рангирани, би разигрувале за двете места за опстанок.
Вториот предлог е, лигата да заврши согласно актуелниот систем и календар за натпреварување, според кој Прволигашката конкуренција би ја напуштиле четири екипи, но а сезоната би завршила кон средината на јули месец.
Сега останува на клубовите кои е дел од Првата лига–мажи во најкраток можен рок да се произнесат за предлозите.