недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Пелистер го потврди ангажманот на Крстајиќ

КК Пелистер го потврди ангажманот на Крстајиќ

Третиот стрелец во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига Стефан Крстајиќ ги засили редовите на Пелистер за претстојниот старт на разигрувањето за титулата, соопшти официјално попладнево битолскиот клуб.

Довчерашниот кошаркар на Навико ФМП Академија потпиша договор со Пелистер до крајот на оваа сезона.

Српскиот кошаркар (27), како што е соопштено, денеска ќе го има првиот тренинг во новата средина, а за Пелистер се очекува да дебитира в понеделник на натпреварот Феникс 2010.  (МИА)