четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Пелистер и МЗТ Скопје во АБА 2 лигата ќе играат секој месец по еден „балон“

КК Пелистер и МЗТ Скопје во АБА 2 лигата ќе играат секој месец по еден „балон“

Во новата сезона во АБА 2 лигата ќе се игра како претходната, во „балони“ и со вкупно 13 кола во основниот дел од првенството.

До моментов не е познат конечниот список на учесници бидејќи од 14 екипи, потврдено е учеството на само 11. Хрватската Горица се откажа, а и од претходно имаше две слободни места кои ќе им бидат понудени на клубови како специјални покани кои чинат по 50 илјади евра.

Во новата сезона ќе има пет „балони“ во основниот дел. Првиот се игра од 10 до 14 октомври со кој и ќе почне првенството во АБА 2. Вториот е на програата од 8 до 11 ноември, третиот од 13 до 19 декември, четвртиот од 17 до 23 јануари, а последниот од 21 до 27 март. Ова значи дека само во февруари нема да се играат натпревари од АБА 2 лигата.

Интересно е тоа што, за разлика од лани кога имаше „балони“ со по четири кола, сега во првите два, екипите ќе играат по два натпревара, а во преостанатите по три. Пелистер и МЗТ Скопје со тоа ќе загубат многу време во патувања и ќе имаат максимално згуснат распоред бидејќи потоа треба да ги надополнат пропуштените натпревари во домашното првенство.

По одиграните 13 кола, екипите од првото до осмото место влегуваат во плеј-офот кој, исто така, ќе се игра турнирски. Засега не се познати местата на организирање на „балоните“, како ни распоредот