недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Пелистер: Се злоупотребува фејсбук-страницата на клубот, трансферот на Хот не е комплетиран

КК Пелистер: Се злоупотребува фејсбук-страницата на клубот, трансферот на Хот не е комплетиран

Раководството на вицешампионот на Македонија, КК Пелистер, преку соопштение информираше да не се земат за веродостојни информациите што се појавуваат на клупската фејсбук-страница бидејќи истата се злоупотребува и не е под контрола на управата на битолските зелено-бели.

Соопштението на КК Пелистер го пренесуваме во целост:

„Како ново раководство на КК Пелистер сакаме да информираме дека информациите кои се објавуваат на официјалната фејсбук-страница не се веродостојни бидејќи истата е злоупотребена и се уште не е под контрола на новата управа на клубот. Конкретно, трансферот на младинскиот репрезентативец Амар Хот што е објавен на фејсбук-страницата како комплетиран и официјален е далеку од такво нешто. Точно е дека Хот е кошаркар за кого КК Пелистер како актуелен вицешампион на Македонија се интересира, но невистина е дека е постигнат целосен договор или пак дека е веќе потпишан договор за соработка. 

Интерес на КК Пелистер е да има квалитетни кошаркари во своите редови, но секогаш ќе настојуваме со својот однос, функционирање и начин на комуникација да не наштетиме на ниту еден играч во текот на преговорите. 

Проблемот со клупската фејсбук страница во најскоро време ќе биде решен, а во меѓувреме ги повикуваме медиумите за информации да се обратат кај новото раководство и шефот на стручниот штаб на екипата, Марјан Илиевски“.