петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Клејбурн во Анадолу Ефес

Клејбурн во Анадолу Ефес

Американскиот кошаркар Вил Клејбурн, по пет години, се врати во Истанбул. Клајбурн го напушти тимот на ЦСКА Москва и потпиша договор актуелниот европски првак, Анадолу Ефес.

Клајбурн во ЦСКА се пресели од Дарушафака во 2017 година. Најдобрата сезона ја имаше во 2019 година кога беше дел идеалната петорка во Евролигата и стана МВП на завршниот турнир.

Покрај тоа, Клејбурн освои по три титули во ВТБ и во руското првенство.За ЦСКА одигра 236 натпревари и имаше просек од 12,9 поени, 4,9 скока, 1,7 асистенции и 0,8 украдени топки.

Американецот во сезоната 2016/2017 играше во Турција, во дресот на Дарашафака, во кариерата играл и за Улм и Хапоел Холон.