петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА

Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА

Интересни вести доаѓаат од Шпанија во врска со европската кошарка. Порталот „Енцестандо“ наведува дека Евролигата сака што поскоро да одобри проширување за уште два тима. Станува збор за Париз, но и за целосно нов клуб кој ќе биде со седиште во Дубаи.

За таков развој на настаните веќе се зборуваше и претходните години, а сега има конкретни информации. Покрај настапот во Евролигата, клубот од Дубаи би бил член и на АБА лигата, за што регионалното натпреварување би добило голем финансиски надомест, пишува „Енкестандо“.

Новинарот Хавиер Маестро се повикува на свои извори и пишува дека тимот веќе избрал тренер. Тоа е познатиот стручњак Светислав Пешиќ, селектор на Србија и вицешампион на светот од последниот Мундобаскет. Како потврда на своето пишување, „Енцестандо“ наведува дека еден од клучните луѓе за формирање на клубот во Дубаи е Дејан Камењашевиќ, син на некогаш познатиот спортски коментатор Мирко Камењашевиќ.

Дејан Камењашевиќ пристигна во Жирона како 17-годишник и долго време е во кошарката, а токму во овој каталонски клуб му беше помошник на Пешиќ. Покрај тоа, тој работеше и во стручниот штаб на Басконија а со години работи и во Персискиот залив.

Ова не е крајот на информациите – еден од главните луѓе за функционирање на блискоисточниот клуб треба да биде Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на Новак Ѓоковиќ. Ѓорѓе Ѓоковиќ веќе има искуство во светот на спортот и е организатор на турнирот „Србија опен“ што се одржуваше во Белград и Бања

Лука. Останува да видиме како ќе се реши фактот што Дубаи е доста далеку од некои градови од Евролигата, особено оние од Западна и Северна Европа – Мадрид или Каунас, на пример. Тоа е лет од седум или осум часа.

Париз моментално учествува во Еврокупот, има голем буџет од над девет милиони евра, а не е тајна дека елитното европско натпреварување сака да се прошири во еден од најголемите европски градови, а со тоа и пазари. Тимот го предводат нови ѕвезди на европската кошарка – финскиот тренер Исало и американскиот плејмејкер со македонски пасош Ти Џеј Шортс