среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кочов пред дуелот со Сутјеска: Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната ефикасност

Кочов пред дуелот со Сутјеска: Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната ефикасност

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов пред вечерашното гостување кај Сутјеска рече дека неговите избраници треба да најдат начин да го сопрат нападот на црногорскиот тим.

– Секој натпревар во АБА2 е исклучително важен  за нас и затоа сигурно е дека ќе имаме максимален сериозен пристап на средбата со Сутјеска. Станува збор за тим со огромно искуство и екстремен квалитет во ефиксност. Едноставно, секој играч на тимот може да постигне кош од која било позиција. Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност. Ако го сториме тоа, тоа може да се надевама на значаен триумф, изјави Кочов.

Македонскиот тим има четири победи и е единствениот без пораз во досегашниот тек од регионалното натпреварување.

Натпреварот Сутјеска – МЗТ Скопје ќе се игра вечер од 19 часот во Спортскиот центар Никшиќ.