четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркар на Басконија падна на допинг-тест

Кошаркар на Басконија падна на допинг-тест

Американскиот кошаркар Пјер Анри е суспендиран по рутинска антидопинг контрола. Тој нема играно во Евролигата од 10 јануари поради наводна повреда на потколеницата, но, како што пишува шпанскиот весник „АС“ причините се сосема други.

ФИБА објави дека Анри е суспендиран по рутинска антидопинг контрола, па договорот на кошаркарот со Басконија е исто така „ставен во мирување“.

Против плејмејкерот на Басконија е покрената истрага.