среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите на Партизан обезбедија пласман во ТОП 8 во Евролигата

Кошаркарите на Партизан обезбедија пласман во ТОП 8 во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Партизан ја оствари целта и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум кошаркарски екипи во Евролигата.

Српскиот состав успеа во еден неизвесен натпревар да го совлада Монако со резултат 88:84.

На 17 секунди до крајот на средбата играчот на белградските „црно-бели“ Пантер реализираше тројка и тоа го одлучи победникот. Следуваше „пенал“ серија, Ледеј беше прецизен и на својот тим му донесе голем триумф.

Најефикасни во редовите на Партизан беа Аврамовиќ и Ледеј со по 22 поени, а кај Французите доминираше Окобо со 23 поени.

Се одиграа уште два натпревари во петокот, Алба Берлин славеше кај Панатинаикос со 84:88, а Олимпиа Милано со 84:76 ја совлада Барселона.