Пелистер и Еуро Никел 2005 одиграа едно интересно и возбудливо четвртфинале во кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, а во полуфиналната фаза оди екипата од Битола која славеше во СРЦ „Кале“ со 79:70.
За Пелистер најефикасен беше Американецот Карпентер со 22 поени, следен од Караџовски со 20, а на спротивната страна блескаше Л. Стојановски со 17 коша, а еден поен помалку запиша Соколов. Во полуфиналето екипата на Пелистер ќе игра со Феникс.