Македонската машка кошаркарска репрезентација го дозна распоредот на натпреварите на патот кон Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако челниците на ФИБА ги објавија датумите и сатниците на претквалификацискииот турнир преку кој жолто-црвените ќе се обидат да дојдат до место на најдобриот собир на планетата.
Избраниците на селекторот Александар Јончевски се најдоа во група што ќе се игра во Талин (Естонија), која ќе ја почнат на 12 август со дуел против Израел (19 часот).
Следниот ден во ист термин ќе ги одмериме силите со естонскиот организатор на турнирот, по што ќе имаме слободен ден. Кошаркарите последната средба ќе ја одиграат на 15 август против Чешка (16 часот).
Двете најдобри репрезентации од групата продолжуваат во полуфиналето, кое ќе се игра во полскиот град Гливице. Победникот на турнирот ќе обезбеди пласман во главните квалификации за ЛОИ 2024.