вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркаркарската Федерација организатор на две европски првенства

Кошаркаркарската Федерација организатор на две европски првенства

На седницата на генералното Собрание, кое се одржува денеска во Сараево, а на кое присуствуваат претседателот Перо Антиќ, и генералниот секретар на нашата федерација, Владимир Георгиевски, ФИБА одлучи да ја додели организацијата на КФСМ на уште две европски младински натпреварувања во наредната календарска година.

По едно во машка, односно во женска конкуренција…Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години, кое е предвидено да се одржи во периодот од 12. до 20. август 2022 година.

Кадетите се единствена младинска категорија во која македонската репрезентација е во „А“ дивизијата, откако се пласира на тоа натпреварување во 2018 година, на шампионатот во Сараево, а следната година го одбрани своето место со освојувањето на деветтата позиција во Удине.

КФСМ уште во 2020 година требаше да биде домаќин на овој шампионат. Тогаш не се одржа поради пандемијата од коронавирусот, а годинава затоа што Европската кошаркарска федерација одлучи, место турнири, да се играат незадолжителни „Челенџер“ турнири.

Освен кадетското ЕП во машка, КФСМ ја доби и организацијата на Европското првенство Б-дивизија во женска конкуренција, з акошаркарки „Под 20“ години, што треба да се одржи од 9. до 17. јули 2022 година.